Затоа што нема културна вредност ќе се руши домот на Интер и Милан

Затоа што нема културна вредност ќе се руши домот на Интер и Милан

Милано , 22. мај 2020 (Inpress) – Стадионот „Џузепе Меаца“, или ако зборуваме за навивачите на Милан „Сан Сиро“, треба да биде срушен наскоро.

Стадионот беше официјално отворен во 1926 година, а неговиот сегашен капацитет е скоро 80.000 гледачи.Ова е заклучокот од новиот извештај на Министерството за култура на Италија, во кој се вели дека домот на „росонерите“ и „нероазурите“ „нема културна вредност“.

Двата клуба неодамна изразија желба да изградат нов заеднички стадион.

На оваа идеја се спротистави градоначалникот Бепе Сала, кој смета дека сегашниот треба да се реновира.Сепак, неговиот план беше одбиен.

Овој стадион беше реконструиран во педесеттите и деведесеттите години, но бидејќи тие интервенции не се постари од 70 години, тој не може да се заштити како архитектонско добро и затоа ќе биде срушен.

На негово место ќе се градат хотели, паркови, како и спортски центар. (Крај)

извор: Плусинфо фото: архива