Вилијан ќе замине од Челси

Лондон, 23. мај 2020 (Inpress) – Бразилецот Вилијан по завршувањето на сезоната ќе стане слободен играч. Челси сака да му г продолжи договорот меѓутоа не под условите кои ги поставува фудбалерот.

Интерес за Вилијан покажуваат Арсенал и Тотенхем.

„Челси ми нуди договор на две, а јас сакам договор на три сезони. Ситуацијата е поради тоа тешка. Не знам дали ќе останам. Сакам да продолжам да работам и да бидам насочен кон клупските победи кога ќе продолжи сезоната“, рекол 32 годишниот Бразилец.

„Мислам дека нема да останам. Ќе видиме што ќе се случи“. (Крај)

извор: Топспорт фото: архива