МВР: 52 граѓани не ја почитувале забраната за движење, приведени се 28 лица

Скопје, 23. мај 2020 (Inpress) – Во текот на изминатото деноноќие, 22/23.05.2020 година, на територијата на Република Македонија на 48 лица им се издадени решенија за изолација, а 17 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 52 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 28 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 205 прекршоци. (Крај)

извор: МВР фото: архива