„Без тебе“, нов сингл на Мартин Мила

Скопје, 27. мај 2020 (Inpress) – „Без тебе“ е новата песна на одличниот Мартин Мила, во која тој ги поместува границите на стилот во кој навикнавме да го слушаме.

– Текстот и вокалната изведба на новата песна се мои, а музиката е на Carla’s Dreams од Молдавија, од песната „Imperfect“. Многумина не очекуваа да слушнат во првиот и вториот дел до рефренот дека ќе „рапувам“, но сепак јас тоа би го нарекол повеќе „рецитирање“ на одредена тема која можеше единствено така да се опише приказната која сакав да ја искажам и споделам со вас, за која наскоро ќе има и видео запис, вели Мартин.

Македонската публика го знае Мартин по неговите претходни хитови, а охридската своевремено и како водител на утринската програма на Супер радио. (Крај)

извор: Inpress фото: архива