Ќе се формира Фонд за помош на медиумите

Ќе се формира Фонд за помош на медиумите

Скопје, 30. мај 2020 (Inpress) – Владата на Република Македонија на последната 58-ма седница донесе Уредба со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за формирање Фонд за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од COVID-19 со која се опфатени сите радиодифузери во земјата.

Станува збор за надомест на трошоци за 2020 година кон операторот на дигиталниот терестријален мултиплекс за дозволата за емитување согласно Законот за електронски комуникации, како ублажување на економските последици предизвикани од коронавирусот.

Владата донесе и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за време на вонредната состојба, согласно која кабелските операторите се должни до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) да достават пријави за регистрација на странските радиодифузери кои ги реемитуваат во рок од 60 дена од денот на нивното донесување. (Крај)

извор: Влада на РМ фото: архива