Пожар зафати возило на булевар „Железничка“

Охрид, 30. мај 2020 (Inpress) – Пожар зафати возило денес, нешто по 11:00 часот на булевар „Железничка“ во Охрид.

– Незгодата се случи на потегот после бензинската пумпа „Таци“, наспроти поранешната фабриката „Илинден“, информираат од охридската Пожарна за Супер радио и OhridPress.

Охридската противпожарна единица, по дојава од граѓани, интервенираше со едно возило. (Крај)

извор: Inpress фото: архива