Претседателот Пендаровски ја продолжи вонредната состојба за уште 14 дена

Скопје, 30. мај 2020 (Inpress) – По денешната седница на Советот за безбедност, Претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски најави дека ќе има нова вонредна состојба, која почнува веќе од утре.

– После седницата за Советот за безбедност, бев информиран за случувањата во текот на изминатите денови. Ќе донесам нова одлука за 14 дена вонредна состојба, која почнува да тече од утре. Оваа одлука нема никаква корелација со датумот за изборите, рече Пендаровски. (Крај)

извор: Inpress фото: архива