Радиска промоција на новата песна на Петар Маркоски „Higher love“ на Супер радио

Охрид, 30. мај 2020 (Inpress) – Во радио терминот на емисијата Vanco Play на Супер радио, денес беше промоворaнa новата кавер-песна на охриѓанецот Петар Маркоски.

– Со карантинов почнав да правам кавери на секои два-три дена и секогаш барам некој интересна песна и ја снимам. Во моментов почнав да се занимавам со многу работи како снимање на видеа, музика и секогаш сакам да ми е исполнет денот со обврски. Имам огромна поддршка за мојата работа од сите од домa, пријателите, како и фановите, вели Маркоски.

Новата обработка на темата „Higher love“ од Kygo & Whitney Houston е во соработка со Dj Петар Ристески кој вметна scratch елементи во темата. Маркоски и Ристески кажаа дека ќе ја продолжат и понатаму соработката.

Фотографија на Super radio Ohrid.

Во студио на Супер радио во живо на виолина ја интерпретираше темата на Tones and I – Dance Monkey.

Инаку Петар Маркоски има учествувано на бројни музички настани низ државава, има голем број познати авторски песни, а последната негова песна „Una Signora“ високо се котираше на македонските топ листи. (Крај)

извор: Inpress фотоInpress