Бобан Блажески уште една сезона ќе тресе мрежи за ГРК Охрид

Бобан Блажески уште една сезона ќе тресе мрежи за ГРК Охрид

Охрид, 2. јуни 2020 (Inpress) – Бобан Блажески останува верен на ГРК Охрид.

Ударната игла во нападот, Бобан Блажески стави потпис на едногодишниот договор со охридскиот клуб. За десното крило ова ќе биде јубилејна петта сезона во дресот на ГРК Охрид.

Фотографија на ГРК Охрид.

По продолжувањето на соработката со стратегот Раде Стојановиќ, охридскиот ракометен клуб и натаму работи на задржување на костурот на екипата од минатата сезона. Па, претходно ги продолжи и договорите со триото интернационалци Јагош Брауновиќ, Филип Кривокапиќ и Денис Тот, пред десетина дена со поранешниот младински репрезентативен голман Никола Даниловски и левиот бек Мартин Манасков, а минатата недела соработката со „гладијаторите“ ја продолжија и Крсте Андоновски и Иван Тасески. (Крај)

извор: Inpress фото: архива