Во Охрид 37 лица се во изолација, издадени 13 прекршочни налози поради неносење лична заштита на лицето

Охрид, 3. јуни 2020 (Inpress) – Според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, моментно во изолација се 106 лица (Охрид-37,Струга-58,Кичево-11). Врз нив, полициски службеници извршиле вкупно 75 контроли.

Во самоизолација, моментно се регистрирани вкупно 49 лица (Охрид-21, Струга-20, Кичево-3, Дебар-5). Врз овие лица, извршени се 30 контроли. Воедно, полициските службеници самостојно но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 60 контроли врз угостителски и други објекти (Охрид-11, Струга-06, Кичево-32, Дебар-11).

Во изминатото деноноќие, полициските службеници, издале 53 прекршочни налози на физички лица за сторен прекршок спротивен на уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето (Охрид-13,, Струга-26, Кичево-11, Дебар-03). (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива