Лигата на шампиони ќе финишира со мини-турнир во Русија, Германија или Португалија?

Лигата на шампиони ќе финишира со мини-турнир во Русија, Германија или Португалија?

Нион, 4. јуни 2020 (Inpress) – Русија е една од земјите кои се најголеми фаворити за организирање на мини-турнирот од завршницата на Лигата на шампионите за оваа година.

Според германскиот венсик „Билд“, Русите ја истакнале својата кандидатура да бидат домаќини на овој формат, доколку УЕФА реши да ја финишира сезоната на ваков начин.

УЕФА ја разгледува опцијата за завршница на Лигата на шампиони во една земја, почнувајќи од четвртфиналната фаза. Во овој случај, државата домаќин мора да обезбеди четири стадиони, кои се наоѓаат во радиус од 100 километри.

Во моментов, апликант е германскиот град Франкфурт, кој може да аплицира заедно со Мајнц, Хофенхајм и Дармштат / Визбаден.

Португалија исто така размислува да поднесе апликација, а тука е и Русија, која сигурно ќе оди со Москва. (Крај)

извор: Спортмедија.мк фото: архива