Жител на улицата „Радојца Новичиќ“ физички нападнал двајца соседи

Охрид, 4. јуни 2020 (Inpress) – На 3-ти јуни 2020 година, во 22:05 часот, на улицата „Радојца Новичиќ“ во Охрид, 36-годишниот В.К. започнал вербална расправија со неговите соседи, З.Г.(34) и М.Г.(32), сите од Охрид и во нивното дворно место, со работен алат, физички ги нападнал.

– Тој, притоа извршил оштетување на повеќе предмети по што, З.Г. и М.Г. физички го нападнале. Тројцата се приведени по што ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива