ОВР Струга поднесе кривична пријава против две лица кои без дозвола се движеле за време на полициски час

ОВР Струга поднесе кривична пријава против две лица кои без дозвола се движеле за време на полициски час

Струга, 4. јуни 2020 (Inpress) – Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против две лица.

Во првиот случај, пријава е поднесена против 56-годишниот И.К. од селото Коџаџик, општина Центар Жупа. На 25-ти мај 2020 година, во 11:00 часот, полициски службеници кои вршеле контрола на регионален пат Струга-Дебар, сопреле патнички автомобил управуван од сега пријавениот. Притоа, констатирале дека тон нема соодветна дозвола за движење за време на полициски час, издадена од надлежен орган.

Во друг случај, ОВР Струга, до надлежното Основно јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против 32-годишниот С.К. од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 24-ти мај 2020 година, во 01:20 часот, тој е затекнат во близина на казнено поправната установа затвор „Теферич“, без соодветна дозвола за движење во време на полициски час. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива