„Совршена“, нова песна на Горан Мицов

Струга, 15. јуни 2020 (Inpress) – Бурното темпо на секојдневниот живот исполнет со бројни настапи, го заменав со повлекување во моето домашно студио, со реализирање на своја авторска музика, вели стружанецот Горан Мицов, кој деновиве ја објави неговата најнова песна „Совршена“.

– Во ова време – невреме поради актуелната состојба добредојдено би било мало опуштање, вели Горан, кој ја напиша музиката и аранжманот.

Текстот е на Ирена Митревска, која ги пее и пратечките вокали на „Совршена“. (Крај)

извор: Inpress фото: архива