ЈП „Водовод“ Охрид ќе ги репрограмира долговите на корисниците без камата

Охрид, 15. јуни 2020 (Inpress) – Како дел од мерките за справување со економските последици настанати од вирусот COVID-19 , Управниот одбор на ЈП „Водовод“ Охрид донесе одлука за репрограмирање на долгови на корисници за услуги од водоснабдување, без камата за задоцнето плаќање.

– Физичките и правните лица кои ќе го платат заостанатиот (главен) долг еднократно, истиот го плаќаат без пресметана камата за задоцнето плаќање. Акцијата за склучување на договори за плаќање на рати без камата, започнува од денес, 15-ти јуни заклучно со 15-ти септември и истите ќе се склучуваат само во правната служба на ЈП „Водовод“ Охрид – Дирекција. (Крај)

извор: Inpress фото: Inpress