Охрид, 21. јуни 2020 (Inpress) – По повод Денот на Охридското Езеро, познатиот охридски нуркач и ЕКО активист Никола Паскали спроведе самостојна еко акција.
– Истата се изврши на потегот од Градското пристаниште до плажата „Сарајште“, при што беа извадени 5 автомобилски гуми, вели Паскали.
Заедно со колегите од Нуркачкиот центар „Акватек“ од Охрид, Паскали е еден од најактивните борци во заштитата на чистата животна средина, а особено Охридското Езеро. (Крај)
извор: Inpress фото: Акватек