Четири лица од Албанија со нерегулиран престој во Македонија приведени во струшко Лабуништа

Струга, 24. јуни 2020 (Inpress)– На 23-ти јуни 2020 година, во 16:15 часот, во струшкото село Лабуништа, кај место викано „Бороечки мост“, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Лабуништа привеле четири лица.

– При проверка на патничко моторно возило марка „Нисан“ со струшки регистарски ознаки управувано од 69-годишниот Б.Р. ги затекнале и привеле А.Ц.(58), К.Ц.(27) и А.Ц.(22) сите од Република Албанија, поради прекршок по законот за странци, односно нерегулиран престој во Република Македонија. Тие биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива