Во вчерашната сообраќајка кај „Буково“ повредени две лица од Ресен

Во вчерашната сообраќајка кај „Буково“ повредени две лица од Ресен

Охрид/Ресен, 24. јуни 2020 (Inpress) – На 23-ти јуни 2020 година, во 11:20 часот било пријавено дека е случена сообраќајна незгода на магистралниот пат Охрид-Ресен во близина на депонијата кај превојот „Буково“.

– Товарно моторно возило марка „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 46-годишниот Ѓ.К. од Ресен излетало од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и совозачот, 44-годишниот З.Г. од селото Евла, кај Ресен. По незгодата тие биле пренесени во Општата болница во Охрид за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива