Казни за 643 лица поради неносење на заштитни маски, издадени 366 решенија за изолација

Скопје, 25. јуни 2020 (Inpress) – Од страна на полициските службеници досега се констатирани вкупно 21 514 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од кои 643 прекршоци во изминатото деноноќие.

Во координација со Државниот пазарен инспекторат во текот на изминатото деноноќи извршени се 185 контроли во објекти при што не се евидентирани објекти кои не ги почитувале одлуките на владата.

На територијата на целата држава на вкупно 366 лица им се издадени решенија за изолација, а 125 лица потпишале изјави за самоизолација. Извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што не се евидентирани лицa кои не ги почитувале овие мерки.

Во државен карантин се спроведени вкупно 109 лица. (Крај)

извор: МВР фото: архива