Ајфеловата кула повторно отворена за посетителите

Париз, 25. јуни 2020 (Inpress) – Ајфеловата кула од денеска повторно е отворена во Париз, откако беше затворена пред повеќе од три месеци поради епидемијата на новиот коронавирус.

Таа туристичка атракција ќе биде официјално отворена во 8 часот по локално време, меѓутоа, посетителите мора да се подготват за одење, бидејќи поради мерките на претпазливост, лифтовите нема да работат, така што ќе треба да се користат скалите.

Како што се наведува, лифтовите нема да работат до 1-ви јули. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива