Охридска банка од денес ќе врши предвремена исплата на пензиите за месец јуни

Охрид, 26. јуни 2020 (Inpress) – Охридска банка АД Скопје ги известува своите клиенти дека ќе врши исплата на пензии за јуни 2020 година во периодот 26.06.2020 година до 01.07.2020 година.

Од денес пензиите ќе бидат достапни за подигнување преку мрежата од 120 банкомати на Охридска банка и Штаермеркише Шпаркасе Групацијата каде што подигнувањето средства од дебитна картичка е без провизија.

Исплатата на јунската пензија преку благајните во експозитурите на Охридска банка АД Скопје почнува од денес, според однапред дефиниран распоред:

– петок, 26.06.2020 година, исплата на пензии до 11.000 денари
– понеделник, 29.06.2020 година, исплата на пензии од 11.001 до 14.000 денари
– вторник, 30.06.2020 година, исплата на пензии од 14.001 до 18.000 денари и
– среда, 01.07.2020 година, исплата на пензии над 18.001 денари

– Дефинираниот распоред за исплата на пензија е донесен за да се намали бројот на клиенти во експозитурата и со тоа да се зачува здравјето на клиентите и вработените. Сите клиенти приматели на пензија имаат можност да извадат дебитна картичка од Охридска банка која е бесплатна, за сите оние кои ќе аплицираат за неа до 30-ти септември 2020 година, на тој начин клиентите ќе ги избегнат посетите на експозитурите и поедноставно ќе управуваат со своите парични средства. Охридска банка АД Скопје апелира до своите клиенти да внимаваат на препораките за заштита од Корона вирусот при посета на експозитурите на Банката. Носењето респираторна маска е задолжителна обврска при влез во објектите на Банката, како и чекањето ред на пропишано растојание од 2 метри. Во сите објекти на Банката се достапни дезинфициенси, информираат од Охридска банка АД Скопје. (Крај)

извор: Охридска банка АД Скопје фото: Inpress