Вечерва online премиера на претставата „Ај да си речиме уште една“

Охрид, 26. јуни 2020 (Inpress) – Вечерва од 21:30 часот на YouTube каналот на охридскиот народен театар премиерно ќе биде прикажана претставата „Ај да си речиме уште една“ во режија на Андреј Цветановски.

Претставата, која е особено атрактивна, премиерата ја имаше при крајот на на 2011 година и за секоја наредна изведба се бараше билет повеќе. Сега, во време кога театарот не работи, ова ќе биде одлична можност оние кои ја гледале да се потсетат, а останатите да уживаат и да се насмеат.

Во неа се зборува за творештвото на еден народ кое секогаш претставува богатство што се чува и негува, показ и доказ за цивлизацијата што се развива во еден регион, белег за одликите и навиките на еден народ. Претставата изобилува со многу комични елементи, со многу стари народни песни познати на пошироката публика.

Улогите ги толкуваат:
Ристо Букваро-Горан Стојаноски
Митра Бајачката-Јасмина Билаловиќ
Коле Аџамија-Никола Тодороски
Коце Берберот- Стрезо Стаматовски
Трена-Адријана Билаловиќ
Гоце Делчев-Ивица Цонев
Каранфила меанџиката-Билјана Билаловиќ и
Осман бег-Игор Георгиев.

Инаку, на YouTube каналот на охридскиот народен театар може да се погледнат и претставите: „Метаморфози“, „ Малограѓанска свадба“ и „БААЛ“. (Крај)

извор: Inpress фото: архива