Казни за 576 лица поради неносење на заштитни маски, во Охрид казнети 42 граѓани

Скопје, 27. јуни 2020 (Inpress) – Во текот на изминатото деноноќие, 26/27.06.2020 година, на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 576 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со COVID-19.

Според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 79 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид 42, Струга 14, Кичево 20 и Дебар 3).

Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест COVID-19. Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 21 контроли врз угостителски и други објекти. (Крај)

извор: МВР фото: архива