ЈП „Водовод“ Охрид апелира за совесно користење на водата за пиење

ЈП „Водовод“ Охрид апелира за совесно користење на водата за пиење

Охрид, 3. јули 2020 (ИНПРЕС) – Поради реакции на граѓани од недостиг на вода за вода за пиење ЈП „Водовод“ Охрид апелира за совесно користење на водата за пиење.

– Испраќаме апел до сите корисници, посебно во населбите од околината на Охрид каде што има земјоделски површини, во најавениот период со зголемени температури да не се злоупотребува водата од водоводната мрежа, за наводнување на паркови и земјоделски насади, велат од ЈП „Водовод“ Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива