Несторовски: Мојот гол и победата му ги посветувам на Роландо

Несторовски: Мојот гол и победата му ги посветувам на Роландо

Рим, 3. јули 2020 (ИНПРЕС) – Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски голот кој го постигна синоќа против Рома на „Олимпико“ во победата на Удинезе 2:0 му го посвети на соиграчот Роландо Мондрагора.

Италијанскиот репрезентативец на 23 јуни против Торино ги скина лигаментите во коленото поради што го очекува подолга пауза.

„Заслуживме три бода, среќни сме што победивме во Рим. Голот му го посветувам на Роландо. Минува низ тежок период, но сепак успеа да собере сила и да дојде со нас во Рим да не поддржи, победата е за него“, рекол Несторовски.

Голот против Рома е втор за Несторовски сезонава во дресот на Удинезе, прв по 24 ноември 2019 година кога беше стрелец во поразот од Самдорија.

Удинезе во Рим ја прекина лошата серија од пет натпревари без победа. (Крај)

извор: Топспорт фото: архива