Нов потег на НБА – кошарка ќе играат сите

Нов потег на НБА – кошарка ќе играат сите

Бостон, 3. јули 2020 (ИНПРЕС) – НБА-лигата ќе воведе „балон“ и за оние тимови што не успеаја да се пласираат во плеј-офот. Завршницата на НБА-лигата ќе се игра во Орландо од 30 јули, ќе настапат 22 екипи.

ЕСПН објави дека останатите осум екипи ќе можат да тренираат и да играат натпревари во Чикаго.

Овој извор не го наведува точниот датум кога ќе биде одржан овој „балон“. Се претпоставува дека тоа ќе се случи во септември.

извор: Топспорт фото: архива