„Реприза“, нов сингл на Игор Атанасоски- Харе

„Реприза“, нов сингл на Игор Атанасоски- Харе

Скопје, 3. јули 2020 (ИНПРЕС) – Еден од најпознатите македонски гитаристи, текстописци и композитори Игор Атанасоски- Харе го најавува неговиот најнов сингл наречен „Реприза“.

Музиката, текстот и аранжманот на песната се на Атанасоски, клавијатурите ги свири Дамир Имери, Трајко Симоновски Таци е на бас, а придружните вокали ги пее Сара Николовска. Песната е снимана и миксана во студиото „Тралала“ од Мите Димовски.

– Ова е последна, 8-ма песна од албумот кој го направив со различни пејачи, и која одлучив да ја испеам сам. Станува збор за навистина интимна песна, која се надевам дека ќе им се допадне на слушателите. Подготвувам и видео кое ќе го објавам наскоро, вели Атанасоски.

На македонската популарна музичка сцена Гуру Харе е присутен повеќе од триесетина години. Беше дел од „Банкрот блуз бенд“, а по распаѓањето на групата, нема има соработувано со најпознатите имиња на македонската естрада. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива