Повторно отворена охридската библиотека „Григор Прличев“

Повторно отворена охридската библиотека „Григор Прличев“

Охрид, 6. јули 2020 (ИНПРЕС) – По паузата поради COVID-19 мерките и Уредбата од Владата од денеска НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид е повторно отворена.

Библиотеката ќе работи од понеделник до петок во терминот од 08:30 до 16:30 часот, со пауза за дезинфекција на просториите во терминот од 12:00 до 12:30 часот.

https://scontent.fskp1-1.fna.fbcdn.net/v/t1.15752-9/107268408_280371509688559_1971458040984562127_n.jpg?_nc_cat=110&_nc_sid=b96e70&_nc_oc=AQlC2qK5PL9RqKAoNaGf6JjolQvX1qfg_NooUy4sC9J5NgqoAhIb60hNi8Gj1c7_Fg0&_nc_ht=scontent.fskp1-1.fna&oh=d53d833203171b10cf6c473dc1d4dcae&oe=5F28C9E1

Охридската библиотека применува протокол за работа кој бара дициплина и одговорност и од вработените и од читателите. Задолжително е секој посетител да носи заштитна маска и да го почитува редот за дезинфекција пред влегување во установата.

Од НУ Библотека „Григор Прличев“ известуваат дека отворен е одделот за позајмување на книги, додека читалната и натаму останува затворена. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива