Кратовчанец фатен во Штип со дрога

Штип, 14. октомври 2014 (ИНПРЕС) – СВР Штип поднесе кривична пријава против Ѓ.А.(24) од Кратово, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотична дрога, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 8-ми јули годинава, во Штип од страна на полициски службеници е извршен преглед над пријавениот, при што во ранецот му биле пронајдени 23,14 грама марихуана, спакувана во три полиетиленски кесички. Од преземени мерки е утврдено дека пријавениот купил 50 грама марихуана од непознато  лице од Скопје за 4.500 денари и истата ја поделил со негов другар. (Крај)

извор: МВР фото: архива