Битола/Тетово/Струмица, 14. октомври 2014 (ИНПРЕС) – СВР Битола, изминатиот викенд спровед сообраќајни акциски контроли за пречекорување на брзината и за возење под дејство на алкохол.
Во акциската контрола за пречекорување на брзината од вкупно 178 контролирани возила, констатирани се 20 пречекорувања на брзината при што се издадени 15 покани за наплата на глоба, два платни налози, а тројца возачи се писмено предупредени.
Во акциската контрола за возење под дејство на алкохол од вкупно 275 контролирани возачи и извршени 197 алкотестирања, и притоа кај 15 возачи е утврдено присуство на алкохол, 17 возачи се исклучени од сообраќај, одземени се 12 возачки дозволи и издадени се вкупно 22 платни налози. За време на двете акциски контроли се констатирани и останати прекршоци од областа на сообраќајот, при што се издадени вкупно седум покани за наплата на глоба, 23 платни налози а шест возачи се писмено предупредени.
Исто така и на подрачјето на СВР Тетово изминатиот викенд реализирани се сообраќајни контроли при што биле алкотестирани 36 возачи, од кои пет лица биле под дејство на алкохол и изготвени им се платни налози. Констатирани се и 31 други прекршоци за управување без дозвола, истечена сообраќајна дозвола, за возач почетник, потоа за некористење сигурносен појас. Сите прекршители се законски санкционирани, додека 10 возила биле исклучени и од сообраќај.
На подрачјето на СВР Струмица беа извршени посебни сообраќајни контроли при што се откриени 15 возачи под дејство на алкохол, а евидентирани се и 19 други прекршоци од областа на сообраќајот. (Крај)
извор: МВР фото: vesti.mk