Бакраческа: Изградба на детска градинка, докуп на стаж и социјални станови за ранливи категории граѓани

Бакраческа: Изградба на детска градинка, докуп на стаж и социјални станови за ранливи категории граѓани

Охрид, 9. јули 2020 (Inpress) – Основна заложба, визија и цел на ВМРО-ДПМНЕ со проектот Обнова е социјална грижа и заштита на ранливите категории граѓани, порача на денешната прес конференција д-р Грација Бакраческа, кандидат за пратеник од 5 Изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ.

– Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на изградба на детска градинка во Охрид. Исто така и реконструкција на постоечките градинки со цел да се зголемат капацитетите и нема да има повеќе листи за чекање за ниту едно дете во државата. Бесплатни градинки за сите деца од семејства со минимални приходи. Воведување и субвенционирање на здрава исхрана за учениците од прво до деветто одделение со ангажирање на експертиза од нутриционист, со цел да се создадат добри навики кај децата и да се заштити нивното здравје. Ќе обезбедиме стипендии за сите ученици и студенти од социјално загрозените семејства.
Секоја поголема компанија ќе биде стимулирана да обезбеди сопствен простор за градинки или дневен престој за децата на вработените, со цел вработените да бидат поблиску до своите деца. Ќе изградиме нови или ќе реконструираме социјални станови за социјално-ранливите категории граѓани со цел обезбедување на пристојни и стабилни услови за домување. Фирмите со вработени на кои им е потребно да исполнат услов до 15 години работен стаж за остварување на правото на старосна пензија ќе можат да извршат докуп на стаж. Ова право ќе важи покрај за формите во стечај и за активните даночни обврзници. За повозрасните наши сограѓани ќе обезбедиме домување во новоизградени домови за стари лица со современи услови за живот. Отворање на дневни центри за деца со пречки во развојот. Инклузија на децата со аутизам, за да можат подобро да функционираат во општеството. Наша цел е воспоставување нулта толеранција за различните облици на насилство на кои се изложени жените. Дејствување во насока на остварување на родовата еднаквост со цел отказите поради бременост, помалку платениот труд, мобингот и насилството да останат во минатото. Унапредувањето на родовата еднаквост е од клучно значење за благосостојбата на општеството. Заложбата на Владата на ВМРО-ДПМНЕ е да поттикне социјално одговорни општини кои пружаат заштита, помош и поддршка во сите сегменти, во согласност со приоритетите на граѓаните. Само инклузивно општество е основа за еднаквост и демократија. На 15 јули изборот е обнова, обнова која носи социјална грижа и заштита на ранливите категории граѓани. Бројот 14 за нови детски градинки. 14 за навремена и инклузивна социјална заштита. 14 за Обнова на Македонија – додаваат од партијата. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: архива