Проф. д-р Котлар Трајкова: Приоритет даваме на малите и средни претпријатија, силата на Македонија е во работоспособниот народ

Проф. д-р Котлар Трајкова: Приоритет даваме на малите и средни претпријатија, силата на Македонија е во работоспособниот народ

Охрид, 9. јули 2020 (Inpress) – Во економскиот дел приоритет даваме на малите и средни претпријатија, а акцент ставивме на определени економски гранки, како производството на храна, туризмот и угостителството, занаетите, уметностиоте, информатичките технологии, истакна на денешната прес конференција проф. д-р Наташа Котлар Трајкова, носител на пратеничка листа од партијата Глас за Македонија во 5 Изборна единица.

Наместо огромни проценти и неверојатни странски инвеститори, од Глас за Македонија сметаат дека силата на државата е токму во потенцијалите и економски можности на Македонија, а пред се во работоспособниот народ да создава материјални добра.

Охрид како регионален и државен центар на туризмот мора да се приспособи во нови услови во услови на голема светска пандемија. Затоа акцент треба да се стави на регионалните ресурси и можности, а ние предлагаме формирање на специјален Секретаријат при министертвото за економија што ќе ги поврзува малите и средни бизниси.

– Сакаме да се создадеме специјален Секретаријат при министертвото за економија кој ќе функционира и на регионално ниво, поврзувајќи ги малите и средни бизниси меѓусебе, но да ги поврзува и на државно ниво. Во таа насока ќе има и регионални канцеларии со задача да делуваат со мали и средни претприја кои ќе бидат поврзани во секретаријатот, во кои ќе членуваат претставници на производителите, занаетчии односно даватели на услуги и тие директно во министерството ќе ги креираат економските политики што е потребно да се понуди на пазарот, што да се произведе, потенцира Котлар Трајкова.

Таа потенцира дека на тој начин сакаат да поттикнат развој на инфрастуктурата, а особен акцент ќе дадат и на земјоделстовото.

– Особен акцент даваме на земјоделието кое треба да биде главна стратешка гранка, создавање на дистрибутивни центри, поголем број на откупни центри, создавање на поврзаност во дејностите, фестивали и саеми на кои ќе се промовираат регионалните добра и производи, а ќе се определиме и за бесплатен маркетинг во доменот на соодветните министерства кој ќе биде понуден на малите и средни претпријатија. Сакаме да понудиме и олеснувања во фискалната политика каде ќе се олесни принципот на плаќање на даноци, истакна Котлар Трајкова.

Предлагаат зајакнување на средните училишта кои ќе понудат стручен кадар подготвен веднаш да се вклучи во производствениот процес, па целиот работоспособен потенцијал да се создава во Македонија, а да не чекаме нешто од надвор да не спаси.

– Имаме многу мерки, а сите се во насока на зацрстување на макро економските политики и обезбедување посолидна база за во иднина, рече Котлар Трајкова. (Крај)

извор: Inpress фото: Inpress