Кривична за охриѓанец поради „овозможување на употреба наркотични дроги”

Кривична за охриѓанец поради „овозможување на употреба наркотични дроги”

Охрид, 10. јуни 2020 (Inpress) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 29-годишниот Е.А. од Охрид, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги”.

– На 14-ти декември 2019 година, тој набавил кокаин, кој подоцна, пред угостителски објект во Охрид му го понудил на друго лице и му овозможил нејзино користење. Пријавениот, поради предозираност со кокаин, на 15-ти декември 2019 година, во неконтактибилна состојба, бил донесен во Општата болница во Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива