Двајца стружани украле од угостителски објект во Струга апарати и техника вредни 250.000 денари

Двајца стружани украле од угостителски објект во Струга апарати и техника вредни 250.000 денари

Струга, 10. јуни 2020 (Inpress) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 43-годишниот М.К. и 32-годишниот Б.П., двајцата од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.

– Во текот на март оваа година, со употреба на физичка сила, тие влегле во угостителски објект на улицата „Партизанска“ во Струга и одзеле повеќе апарати и бела техника, со што се стекнале со противправна имотна корист во износ од 250.000 денари, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива