Штедилница „Можности“ нуди кредити за енергетска ефикасност и искористување на обновливите извори на енергија

Скопје, 18. јули 2020 (ИНПРЕС) – Во соработка со Хабитат Македонија, штедилницата „Можности“ нуди кредити за енергетска ефикасност и искористување на обновливите извори на енергија.

– Кредитот е наменски и е наменет за задоволување на личните потреби на клиентите за одредени промени во домот со што би се зголемила енергетската ефикасност на нивниот дом, а со тоа би им се намалиле месечните трошоци за греење/ладење и електрична енергија. Износите на кредитот се до 600.000 денари, со рок на враќање до 95 месеци. Годишната каматна стапка е 5% (Севкупни трошоци од 8,165%). Дополнителни трошоци на кредитот се манипулативен трошок од 0%, меница до 500 денари (во зависност од висината на кредитот) и интеркаларна камата, зависно од денот кога се реализира кредитот. Месечната провизија за управување со кредитот е 0,136%. Кредитот се одобрува со следните гаранции: Без жиранти (Меница) или Административна забрана од клиентот или Без жиранти (Солемнизиран договор за кредит) или 1 физичко лице потпишано на меница или Солемнизиран договор за кредит со 1 жирант или 1 физичко лице со Административна забрана. Гаранциите се определуваат согласно висината на бараниот кредит.
Отплатата на месечните рати е адаптирана според потребите на клиентот. Тоа значи дека за кредит од 120.000,00 денари на 60 месеци и месечна рата од 2.428,00 ден, вкупиот износ што го плаќа потрошувачот 145.649,00 денари.. Севкупните трошоци за овој пример се 8,192%. Наведениот пример е доколку кредитот се исплаќа на 01-ви во месецот. Потребна меница е во висина од 200,00 денари, информираат од „Можности“.

Сите заинтересирани можат да аплицираат за кредит во сите експозитури на штедилницата, како и на веб-страницата www.moznosti.com.mk. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива