Парични казни за 14 лица во Охрид и 15 во Струга поради неносење лична заштита на лицето

Парични казни за 14 лица во Охрид и 15 во Струга поради неносење лична заштита на лицето

Охрид, 20. јули 2020 (Inpress) – Според статистичките податоци на МВР, во текот на изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 37 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид 14, Струга 15, Кичево 5 и Дебар 3).

– Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест COVID-19. Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 14 контроли врз угостителски и други објекти, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива