Приведен охриѓанец кој физички нападнал членови на семејството

Приведен охриѓанец кој физички нападнал членови на семејството

Охрид, 20. јули 2020 (Inpress) – Поради постоење основи на сомнение дека е сторител на казнено дело „телесна повреда“, на 19-ти јули 2020 година, во 22:30 часот во СВР Охрид е приведен и лишен од слобода 30-годишниот Х.Б. од Охрид.

– Тој, претходно, во домот физички нападнал членови на семејството. При преземање мерки во неговиот дом, полициските службеници пронашле и одзеле пиштол „BLOW Magnum“, кој приведениот нелегално го поседувал. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива