ГФК Охрид Лихнидос: Тројцата фудбалери кои се позитивни на COVID-19 се во самоизолација и во добра здравствена состојба

ГФК Охрид Лихнидос: Тројцата фудбалери кои се позитивни на COVID-19 се во самоизолација и во добра здравствена состојба

Охрид, 20. јули 2020 (Inpress) – Тројцата фудбалери кои беа позитивни на тестовите за вирусот COVID-19 се во самоизолација и во добра здравствена состојба, информираат од ГФК Охрид Лихнидос.

– Согласно насоките од надлежните институции, фудбалерите на ГФК Охрид ќе продолжат со активностите и денеска ќе се вратат на тренинзите по планот и програмата подготвени претходно од стручниот штаб и протоколите добиени од ФФМ. Распоредот на контролните натпревари на ГФК Охрид во подготвителниот период нема да претрпи измени и ќе се одвива според првичниот план, додаваат од ГФК Охрид Лихнидос. (Крај)

извор ГФК Охрид фото: архива