Од полноќ пониски цени на бензините и дизелот

Скопје/Охрид, 20. јули 2020 (Inpress) – Од полноќ цените на бензините се намалуваат за 1,50 денари, а на дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за 0,50 денари.

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, Еуросупер БС-95 ќе се продава за 60 денари, а Еуросупер БС-98 по цена од 62 денари за литар. Малопродажната цена на Еуродизел ќе изнесува 53 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 52,50 денари.

Од полноќ се намалува и цената на мазутот за 0,370 ден/кг и тој сега ќе се продава по 26,215 ден/кг.

Овие цени ќе важат до следниот понеделник. (Крај)

извор: Inpress фото: архива