96 нови случаи на COVID-19, 6 новoзаболени во Охрид, 9 во Струга

96 нови случаи на COVID-19, 6 новoзаболени во Охрид, 9 во Струга

Охрид, 20. јули 2020 (Inpress) – Во текот на последните 24 часа се направени 724 тестирања, а регистрирани се 96 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

– Скопје 24
– Куманово 6
– Штип 24
– Прилеп 1
– Тетово 7
– Струга 9
– Битола 1
– Охрид 6
– Гостивар 4
– Струмица 3
– Крива Паланка 1
– Радовиш 5
– Кочани 2
– Свети Николе 3

Починати се 10 лица, четири пациенти од Скопје, два од Куманово и по еден пациент од Штип, Тетово, Гостивар и Кичево.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 61 оздравен пациент од:

– Скопје 27
– Куманово 16
– Прилеп 4
– Тетово 4
– Кавадарци 1
– Гевгелија 1
– Крива Паланка 3
– Кратово 1
– Кичево 1
– Ресен 3

Досега во земјата се направени вкупно 86.543 тестирања на COVID-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9.249, бројката на оздравени пациенти е 4.871, на починати е 432, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.946. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство