Три лица нападнале скопјанец во близина на охридскиот Завод за нефрологија

Три лица нападнале скопјанец во близина на охридскиот Завод за нефрологија

Охрид, 20. јули 2020 (Inpress) – На 19-ти јули 2020 година, околу 18:45 часот, 60-годишниот З.Т. од Скопје пријавил во СВР Охрид дека се случил инцидент околу 18:30 часот, додека бил во патничко возило „Рено лагуна“, заедно со неговото семејство во близина на Завод за нефрологија.

– На таа локација претходно се случила собраќајна незгода, по што до него застанало патничко возило „Ренџ ровер“, во кое имало три лица, кои по претходна расправија, излегле, а еден од нив го скршил стаклото од возачката врата при што С.Т. се здобил со повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива