Поставен видео надзор на пловните објекти во каналот Студенчишта

Поставен видео надзор на пловните објекти во каналот Студенчишта

Охрид, 30. јули 2020 (ИНПРЕС) – По многуте барања од сопствениците на пловни објекти пред се поради обезбедување на поголема сигурност за нивнните пловни објекти,  од денес во функција го стави поставениот систем за видео надзор, информираат од ЈП „Билјанини извори.

Видео надзорот е поставен каде се усидрени пловните објекти, од едната страна на каналот Студенчишта со кој стопанисува јавното претпријатие.

Нема достапен опис

– Ова е уште еден заеднички чекор кон воспоставување на подобри услови, во овој случај поголема безбедност за пловните објекти, за сите оние кои одлучиле да склучат договор со нас за времено усидрување на своите пловни објекти во каналот Студенчишта, информираат од ЈП „Билјанини извори. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива