Во хотелите „Дрим“ и „Изгрев“ најмногу туристи со ваучери за поддршка на домашниот туризам

Во хотелите „Дрим“ и „Изгрев“ најмногу туристи со ваучери за поддршка на домашниот туризам

Струга, 30. јули 2020 (ИНПРЕС) – Хотелите „Дрим“ и „Изгрев“ имаат најмногу туристи со ваучери за поддршка на домашниот туризам, информираат од Министерство за економија.

Порталот еМагазин.мк јави дека од 15-ти јули до денес биле издадени 94.316 ваучери, а заклучно со вчера биле искористени 4.351.

Сосема очекувано, најголем дел од ваучерите се искористени за летување во Охрид и Струга, а не мал број ваучери се користеле во Дојран, Битола, Маврово, Берово и Попова Шапка. Ваучерите се користат во хотели, автокампови и одморалишта.

Топлото време со температури далеку над 30 степени и сезоната на годишните одмори како да се посилни од стравот од COVID-19. Охрид е преполн со гости, а уште поголем број се очекува во текот на престојниов викенд, кога Охрид ќе го живее Илинденскиот викенд, кој традиционално го означува шпицот на сезоната. (Крај)

извор: емагазин.мк/ИнПрес фото: ИнПрес