Kампања за подигање на јавната свест кај гостите во Охрид – „Летувајте безбедно во време на пандемија“

Kампања за подигање на јавната свест кај гостите во Охрид – „Летувајте безбедно во време на пандемија“

Охрид, 30. јули 2020 (ИНПРЕС) – Под слоганот „Летувајте безбедно во време на пандемија“, општина Охрид денес започна кампања за подигање на јавната свест кај посетителите, со цел да се зголеми почитувањето на мерките за заштита од Корона вирусот COVID-19.

Подготвени се промотивни флаери кои во текот на наредните денови ќе се делат на повеќе јавни локации, како што се охридската чаршија, градскиот кеј, градскиот плоштад и други фреквентни локации во градот. Во рамки на кампањата ќе бидат опфатени и угостителските објекти, сместувачките капацитети и плажите на охридското крајбрежје.

Image may contain: text that says 'летувате безбедно BO време на пандемила најдобриот начин да ce спречи намали пренесуваьето на вирусот ковид-19 e правилно информираье почитуванье на сите препораки за заштита како да ce заштитите од ковид-19 носете маска растојание езинфекција бидете одговорни! чувајте го своето и здравле од вас зависи безбедноста вашиот одмор општина охрид'

Во флаерот се содржани кратки информации за општите мерки за заштита од Корона вирусот COVID-19 како и кратки пораки за зголемување на одговорноста кај посетителите и летувалците, кои својот годишен одмор го поминуваат во Охрид. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид