Во недела, на Илинден, 41-во издание на малиот пливачки маратон

Во недела, на Илинден, 41-во издание на малиот пливачки маратон

Охрид, 31. јули 2020 (ИНПРЕС) – Во недела,  на големиот национален празник Илинден во Охрид ќе се одржи 41-то издание на традиционалниот мал пливачки маратон.

Ова е прва трка од Македонскиот куп во далечинско пливање. Во услови на пандемија од COVID-19, годинешното маратонско издание ќе се реализира по претходно утврдени протоколи, а мораше да биде променета и патеката.

Нема достапен опис

Наместо од хотел „Парк“ како што беше претходно, стартот ќе биде кај хотелот „Тино“, а ќе се плива по кружна патека.

Стартот на трката е во 10:00 часот, а пливачите треба да се на самото место еден час порано.

Патеката во должина од 2,5 километри се очекува да ја препливаат не повеќе од педесетина учесници во машка и женска конкуренција. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива