Очекуван пораст на бројот на повици и интервенции во охридската Брза помош

Очекуван пораст на бројот на повици и интервенции во охридската Брза помош

Охрид, 31. јули 2020 (ИНПРЕС) – Стандардно за овој период од годината зголемен е бројот на повици во Службата за итна медицинска помош во Охрид.

Докторите за Супер радио и InPress велат дека со зголемување на бројот на луѓе во градот и порастот на температурата на воздухот, има пораст и во бројот на интервенции, но и прегледи во амбулантата.

Најчесто пациентите се жалат на гастроинтестинални и кардиоваскуларни тегоби, варирање на крвниот притисок, а имаат и интервенции кај повредени во сообраќајни незгоди.

Од Брзата помош велат дека очекуваат фрекфенцијата да се зголеми, во пресрет на продолжениот Илинденски викенд.

Со оглед на актуелната состојба со коронавирусот при различните интервенции лекарите и медицинските сестри ја носат соодветната опрема и постапуваат согласно протоколите дадени од министерството за здравство.

Од Брзата помош велат дека вложуваат максимални напори да излезат во пресрет и навремено да интервенираат. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес