Ковид-пунктот во Охрид ќе работи во сабота од 08:00 до 12:00 часот

Ковид-пунктот во Охрид ќе работи во сабота од 08:00 до 12:00 часот

Скопје/Охрид, 31. јули 2020 (ИНПРЕС) – За време на претстојниот празничен викенд, сите граѓани кои ќе имаат потреба од здравствена услуга може да се обратат во најблискиот здравствен дом, каде е обезбедена 24 часовна покриеност со екипи од Итната медицинска помош (ИМП) и домашна посета, соопшти попладнево министерот за здравство, Венко Филипче.

Во Охрид и околината, пациентите можат да се обратат во Службата за ИМП, а по потреба пациентите се упатуваат во Општа болница Охрид. Центарот за јавно здравје Охрид во текот на претстојниот викенд ќе има дежурни служби во одделението за лабораториска дејност – микробиологија за прием и вршење редовни микробиолошки анализи, во сабота од 08:00 до 12:00 часот. Ковид-пунктот во Охрид ќе работи во сабота од 08:00 до 12:00 часот, за закажаните пациенти преку Мој Термин за земање материјали за тестирање на COVID-19.

Во Струга е обезбедена 24-часовна здравствена заштита преку дежурни лекарски екипи во службата за Итна помош и домашна посета (контакт телефон: 076/203 533). (Крај)

извор: РСЕ фото: ОхридПрес