ЦЈЗ Охрид: Од 25-ти до 31-ви јули во Охрид COVID-19 e дијагностициран кај 16 лица, активни се 84 случаи, оздравеа 37 пациенти

ЦЈЗ Охрид: Од 25-ти до 31-ви јули во Охрид COVID-19 e дијагностициран кај 16 лица, активни се 84 случаи, оздравеа 37 пациенти

Охрид, 1. август 2020 (ИНПРЕС) – Во интерес на правовремено и точно информирање на населението кое живее на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, во кои делува, од охридскиот Центар за јавно здравје објавуваат билтен со податоци, информации и препораки за справувањето со вирусот COVID-19 на неделна основа.

Податоци за периодот од 25-ти до 31-ви јули 2020 година:

– Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 263 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа.
– Од вкупно земените материјали, 185 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај), а 78 материјали зе земени при скрининг тестирањето со упат од матичен лекар „Мој термин“
– Од тестираните лица во овој период лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 80 лица и тоа кај 16 лица од општина Охрид, кај 48 лица од општина Струга и кај 16 лица од општина Дебар.
– Активни случаи во Охрид се 84, во Струга 195, а во Дебар 108.
– Во овој период оздравени се 37 лица од Охрид, 43 лица од Струга и 17 лица од Дебар
– Во овој период починати се 2 лица од општина Струга

Image may contain: text that says 'епидемила / пандемија COVID-19 ABHO SAP период 1ули2 општина PQenda тестирани охрид, Covid-1 позитивни оздравени 98 16 струга, вевчани починати активни случаи 37 95 48 84 43 дебар,центар.жупа 70 вкупно 16 195 17 263 80 108 97 период од.почеток.на епидемиа.до.31.07.2020 387 охрид, дебрца Covid-19 позитивни здравени 1469 починати 272 струга,вевчани 186 1007 449 дебар, центар.жупа 225 717 43 вкупно 195 3193 916 490 55'

Од почетокот на епидемијата до 31-ви јули 2020 година:

– лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 916 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои кај 272 лица во општина Охрид и Дебрца, 449 лице во општина Струга и Вевчани и 195 лица во општина Дебар и Центар Жупа.
– оздравени пациенти од Охрид се 186, од Струга се 225, а од Дебар и Центар Жупа се 79 пациенти
– од општина Охрид и Дебрца има 7 починати пациенти, од општина Струга се починати 43, а од Дебар и Центар Жупа се починати 5 лица.

Image may contain: sunglasses, text that says 'коронавирусот циркулира MEńY нас Co несмален интензитет коронавирусот го пренесуваат лугето кои не придржуваат кон мерките и препораките за заштита од COVID-19 вно охрид охрид единствен начин да CE спречи инфекцилата JATA ширеьето вирусот E придржуваье и примена превентивните мерки за заштита од COVID-19, од CEKOJ поединец: правилна употреба на заштитна маска одржуваье на социлална-физичка дистанца на PACTOJAHиE не помало од M. избегнуваье на JABHи и групираьа често миенье/дезинфекција на рацете уживате во летото, безбедно! можно E!'

– Почитувани сограѓани, епидемијата од коронавирусот се’ уште трае. Коронавирусот се’ уште циркулира меѓу нас. Затоа апелираме на претпазливост, одговорност и разум во однесувањето. Неопходно е да бидеме трпеливи и да ги почитуваме мерките и препораките од надлежните установи за правилна употреба на заштитна маска, социјално и физичко дистанцирање, често миење/дезинфицирање на рацете, избегнување на било какви собири и групирање, порачуваат од охридскиот Центар за јавно здравје. (Крај)

извор: ЦЈЗ Охрид фото: ИнПрес