Охрид, 10. август 2020 (ИНПРЕС) – На Инфективното одделение во охридската Општа болница моментално се хоспитализирани осум пациенти позитивни на коронавирусот, додека пак на Одделението за геријатрија има двајца пациенти, суспектни на вирусот.
Според последните статистики во Охрид моментално има 89 пациенти активни на коронавирус. Во перидоод од 1-ви до 9-ти овој месец се регистрирани 29 новозаболени лица. Досега се излечени 199, а битката со вирусот ја загубија 9 пациенти. Од почетокот на епидемијата во градов се евидентирани вкупно 297 заразени.
А бурниот Илинденски викенд очекувано веќе почна да ги дава и последиците. Три лица кои биле на забавите во Охрид се позитивни на COVID-19, во тек се анкети со нив, а до среда треба да се знае точната бројка на луѓе кои би заминале во самоизолација и се заразиле од нив. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива