Марихуана, амфетамин и кокаин пронајдени кај битолчанец кој престојувал во Охрид

Марихуана, амфетамин и кокаин пронајдени кај битолчанец кој престојувал во Охрид

Охрид, 14. август 2020 (ИНПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 23-годишниот А.М. од Битола.

– На 31-ви март 2020 година, при претрес во домот каде пријавениот престојувал на улицата „Абас Емин“ во Охрид, полициските службеници пронајдоа и одзедоа три кесички со опојна дрога марихуана, амфетамин и кокаин, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива